Спорт

МЗТ Скопје поразен со 20 поени разлика од Младост Земун

МЗТ Скопје Аеродром е пред елиминација уште во првата фаза од разигрувањето во АБА 2 за пласман во елитното натпреаврување од регионалната кошаркарска лигата. На завршниот турнир што се одржува во Подгорица, македонскиот претставник убедливо е поразен во првиот четвртфинален натпревар од екипата на Младост Земун со 20 поени разлика 95-75.
Причината за убедливиот пораз тренерот Дарко Радуловиќ ја гледа во лошата скок игра, но се надева дека по два дена неговите избраници ќе може да ја надополнат негативата.
-Нема што да се коментира многу. Кога противникот ќе ве натскока за 25 скока повеќе тешко е е да се добие натпреавр. Младост беше поагресивен, поборбен. Имаме два дена да се вратиме по оваа голема негатива, не смееме да се предаваме, изјави по мечот Радуловиќ.
Во четвртфиналената серија се играат два натпревари на кош разлика, а реваншот меѓу МЗТ и Младост е закажан за в четврток повторно во 12 часот. Подобриот тим од овој двомеч во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Студентски центар – Слобода Ужице.
Во второто полуфинале ќе се сретнат подобрите од дуелите Борац Бања Лука – Подгорица и Спарс – Златибор.

AnimeDao boku no hero academia season 4 animedao: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 10.5 (https://animedao.nl/m/1zeg/ep-10)

ANIMEFLIX black butler animeflix: Kuroko's Basketball 2 Episode 25