December 7, 2022 20:55
Спорт

МЗТ Скопје поразен на гостувањeто кај Црвена Звезда

МЗТ Скопје претрпе пораз од 87-67 на гостувањето кај Црвена Звезда во повратничкиот натпревар во АБА лигата. Белградскиот состав беше на врвот на задачата во одбраната во првото полувреме, го примора македонскиот состав на тешки обиди, девет изгубени топки и го лимитираше на само 22 постигнати поени, а и покрај тоа што „сино-белите“ одиграа одлично второ полувреме и постигнаа 45 поени, истото не беше доволно за закана на високото водство на евролигашот.

Во неефикасното отварањето на натпреварот во кое Црвена Звезда стигаше до отворени обиди, а истите не ги реализираше, додека агресивната одбрана на белградскиот состав не дозволи изградени обиди за МЗТ Скопје првите поени му припаднаа на Војдан Стојановски, но како одминуваа минутите домаќините успеаја да најдат решение во рекетот и да стигнат до двоцифрен број на поени во осмата минута од правата четвртина (10-5). По тајм-аутот на Петровиќ, Крстевски одговори со добра игра на низок пост за своја мини-серијата, а аеродромци добро го заштитија својот рекет за 13-9 по 10. минути игра. Проблемите во организацијата на нападот продолжија да бидат клучни за натпреварот, а преголемиот број на изгубени топки донесоа и двоцифрена предност за Црвена Звезда (24-12). Во полза на МЗТ Скопје не беа ниту трите лични грешки на Дамјан Стојановски, а и покрај тоа што на момент решение наоѓаа Војдан и Крстевски, македонскиот состав мораше да се задоволи со негативна од 39-22 на полувремето.

Второто полувреме донесе две разиграни екипи на паркетот, добриот проток на топката носеше отворени обиди, Црвена Звезда и МЗТ Скопје ја кренаа реализација, најдоа решение во рекетот, а ги служеше шутот и за три поени за осум погодени обиди на двете страни од теренот. Сепак расположен евролигаш значеше и задржување на предноста која изнесуваше 66-47 по третата четвртина. Добриот ритам во нападот на македонскиот состав продолжи и во последната четвртина, но и покрај тоа што се разигра Миќовиќ и МЗТ Скопје продолжи да го полни рекетот преку високи играчи истото не беше доволно за намалување на предноста на противникот.

Војдан Стојановски беше лидер на МЗТ Скопје со 17 постигнати поени, а него го следеше Крстевски со 14 поени и 3 асистенции. Јигитоглу и Миќовиќ реализираа по 12 поени на кои Турчинот додаде и 14 скока, а Црногорецот 7. Адамс беше лидер на Црвена Звезда со 16 поени, 12 поени и 5 асистенции забележа Ивановиќ, а 10 поени постигна Мартин.