June 24, 2021 19:34
Спорт

МЗТ Скопје го победи Еуро Никел и го освои македонското првенство по осми пат

Кошаркарите на МЗТ Скопје осми пат во клупската историја се шампиони на Македонија, откако попладнево го добија и третиот меч по ред во финалната плејоф-серија со Еуро Никел (89-78).

Слично како и на претходните два дуели, гостите имаа свои моменти и водство во првото полувреме, кога дојдоа до плус осум (39-31). Но, тоа беше сѐ што направија, со оглед што сино-белите од тој момент направија серија 25-7 со која солидната негатива ја претворија во двоцифрена предност (56-46).

Домаќинот до крајот умешно ја одржуваше позитивата, иако под константен притисок на кавадарчани, кои во ниту еден момент не се предадоа. Поради тоа, кошаркарите на МЗТ во ниту еден момент не можеа да се опуштат, со оглед што во неколку наврати од плус 12 многу брзо „паѓаа“ на само четири поени разлика. Но, на крајот пресуди подолгата клупа на „металците“, како и поголемото исксутво во вакви натпревари, па избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ релативно мирно го приведоа мечот до крај, по што следеше – еуфорична радост.

Maгдевски средбата ја заврши како најефикасен со 21 поен и пет скокови, а зад него беа Бојан Крстевски со 16 поени, сите во првото полувреме и Феми Олуџоби со 12 поени. Никола Караколев постигна 16 поени за гостите од Кавадарци, колку што имаше и Роберт Рикиќ со 12 скока.

Најтрофеен тим останува Работничи со 15 титули, но ова е осма шампионска круна за МЗТ во последните десет првенства.

Watch anime online for free at WCOStream the flintstones wcostream. Ulysses: Jeanne d'Arc and the Alchemist Knight (Dub) Episode 12

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Mayo Chiki! (Dub) Episode 13

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Pokemon the Movie: White - Victini and Zekrom Episode Full