January 16, 2021 08:18
Спорт

МЗТ Скопје го доведе во своите редови Михаил Наумоски од Црвена звезда

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во своите редови го доведе талентираниот 17-годишен играч Михаил Наумоски, синот на легендата на мак-баскетот Петар Наумоски. Тимот од Аеродром со Михаил кој пристигнува од редовите на белградска Црвена звезда потпиша две ипол годишен договор. Младиот центар сезонава ќе ја доигра во вториот тим на „штрковите“ МЗТ Скопје УНИ Банка.

Михаил претходно има настапувано во Вардар и за Галатасарај. Висок е 205 сантиметри и ги  „покрива“ позициите три и четири.