January 30, 2023 02:28
Спорт

МЗТја раскина соработката со Американецот Ајви

МЗТ Скопје самостојно ја прекина соработката со Еван Максвел кој не ги опрадва очекувањата на стручниот штаб, но дефинитивно заминувањето на втор Американец во краток временски интервал не беше очекувано сценарио во Аеродром.

Били Реј Ајви беше одличен на плејмејкерската позиција во првиот тим на МЗТ и важеше за добар носител на играта, но сега МЗТ ќе мора да се справува без него, откако пристигна официјална информација за негов трансфер.

Американецот веќе ги променил клупските бои и потпишал за полски Чарни Слупск, клуб кој оваа информација ексклузивно ја пренесе и на социјалните мрежи.

Пред извесно време, МЗТ се раздели и со Андреј Магдевски, па повеќе од јасно е дека „штрковите“ ќе бидат значително ослабени на мечот против Борац во АБА лигата кој се игра за два дена.

За жал, оваа епизода не е никаква новост за МЗТ, бидејќи во слични услови лани си замина и Дастин Вер.

Ајви во АБА лигата, одигра девет натпревари, со просек од 9.9 поени, 3.7 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

МЗТ во регионалната лига, по девет одиграни натпревари, во конкуренција на 14 екипи се наоѓа на 12.место, со скор од две победи и седум порази. Во сабота, МЗТ ќе го пречека последно пласираниот Борац.