January 28, 2022 07:23
Македонија

МЖССП: Неосновани поплаките на производители на кеси, даден е период пренасочување на производството

Откако денеска од Групацијата на производители на кеси реагираа за измените на цените на кесите, од Министерството за животна средина и просторно планирање за МИА изјавија дека поплаките им се неосновани бидејќи им е даден период до 1 јуни да работат по истите стандарди, кои се воведени во 2013 година, а во меѓувреме да го преорентираат своето работење.

– Во однос на поплаките од производителите на платични кеси за носење на стоки, од 2013 година во РСМ задолжително за кесите за носење на стоки важеше стандардот за оксобиоразградливост. Значи сите  овие производители од 2013 година биле обврзани да произведуваат и да нудат на пазарот кеси кои го задоволуваат стандардот за оксобиоразградливост. Со новиот Закон е воведена забрана за пуштање на пазарот пластични кеси, дозволени се само биоразградливи согласно најновиот стандард за биоразградливост што значи дека се произведени од некаква органска материја која може да се распадне како органиски отпад. Но, со правилникот за да им излеземе во прсрет, заради нивните поплаки, кои беа ненавремени, бидејќи законите се дискутираат од 2019 година во правилникот направиме еден период во кој што им дозволивме да продолжат уште година ипол да го потрошат тој материјал што го имаат за оксобиоразградливи кеси, да се нудат тие на пазарот и понатаму, а после тој период од 1 јуни 2023 да почне да се применува новиот стандард за биоразградливост, образложија од МЖСПП за МИА.

И покрај нивната обврска порано да рагираат и да го подготват нивното производство за новиот закон, како што истакнаа од МЖСПП, ние отстапивме од нашите правила уште година и половина да им го продлжиме користењето на материјал кој веќе го имаат.

– Од 2013 година тие не смееле друго да произведуваат. Не смееле да користат друг материјал за кесите за носење на стоки во малопродажба, нагласија од МЖСПП.

Од Групацијата реагираа дека во земјава се увезуваат црни кеси за отпад и покрај тоа што има капацитети да се произведуваат тука. МЖСПП во однос на тоа посочи дека е дискутирано и оти изразиле подготвеност да се разговара и со другите надлежни министерства да се најде начин нивните производи да имаат да бидат подостапни на пазарот.

Околу поплаките за високата цената на кесите, од МЖССП реагираа дека идејата е да се одвратат купувачите од купување, а не да им се земат парите.

– Ние не очекуваме дека ќе собереме многу пари, затоа што веруваме дека граѓаните нема да купуваат пластични кеси и идејата е тоа, не постепено да се зголемува цената, идејата е да биде висока цената за граѓаните да бидат демотивирани да купат и секако да мислат да си понесат торба, потнецираа од Министерството.

Како што наведоа од Групацијата, имаат капацитет за рециклирање. Според нив, најважно е да се врши селекција на отпадот и да се рециклира пластиката, а не да се ставаат толку високи цени. За тоа од МЖСПП реагираа дека најважна е превенцијата од отпад.

– Европските директиви велат дека пред се, основна е превенцијата на отпад. Највисока на хиерархијата. Од секој отпад и пластика што можеме да се откажеме, да се откажеме, и да остане само примарното пакување кое го штити производот. Кесата не е пакување. Треба да го превенираме отпадот да не се создава, а не да правиме повеќе отпад за да рециклираме. Кесата не е неопходна за да ја заштити храната, примарното пакување е тоа што измислено за да ја заштити храната од расипување и од хигиенски причини, посочија од Министерството.

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија. Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост што треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција. 

Овие одредби се однесуваат за пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

Под биоразградливи се подразбира дека до 1 јуни 2023 може да се пласираат оксо-биоразградливи кеси (МКС 1009) кои беа од 2013 година задолжителни.

По 1 јуни 2023 задолжително се пласираат кеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради (како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса -стандард МКС EN ISO 17556: 2020).

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони (оние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример).

 – Пластични кеси за носење на стоки за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса (на местото на продажба) во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси, појаснија од МЖСПП. 

Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.

stream anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Attack on Titan (Dub)

sites to watch anime BANANA FISH

AnimeHeaven Hunter x Hunter (2011) (Dub)

watch anime dub Dragon Ball (Dub)

anime websites Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2