November 25, 2020 16:25
Македонија

МЖСПП: Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека во тек реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување.

„Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност, во изминатиот период не работеше во полн капацитет. Заради исклучителното значење на прочистувањето на шестовалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата“, соопштија од Министерството.

Поставувањето на нови резервоари треба да заврши до средината на ноември.