Македонија

МЖСПП почна постапка за распределба на средства на општините остварени за надомест на производство на енергија од фосилни горива

Министерството за животна средина и просторно планирање ја почна постапката за доделување на средства во вкупен износ од 38.744.498,00 денари на дел од општините, откако Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за распределба на финансии остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива. Овие пари, како наменски дотации, ќе бидат распределени на општините Новаци, Битола, Могила, Кичево, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и Чаир.

-Министерството веќе достави барање до посочените општини за доставување на Програма и активности за управување со животната средина со предложени проекти, која треба да биде усвоена од Советите на општините и врз основа на која ќе можат да ги добијат одобрените средства. Реализацијата на предложените активности, за што со општините поодделно ќе бидат склучени договори треба да заврши до крајот на годината, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму појаснуваат дека средствата од оваа одлука се распределуваат согласно критериумите утврдени во Уредбата за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива.

AnimeDao animedao death note: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 5

KissAnime kissanime official: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 3