August 5, 2021 03:12
Македонија

Меџити демантира дека дал ултиматум Османи и Груби да бидат избркани од ДУИ

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити ги демантираше написите во неколку медиуми и портали кои ја пренесоа веста на порталот „Алмакос“ дека побарал Бујар Османи и Артан Груби да бидат исфрлени од партијата.

-Мојот стил на делување во политиката, веќе од основањето на ДУИ во 2002, на моите пријатели и симпатизери им е познат и знаат дека овој случај не е вистинит. Демократијата не го познава ултиматумот како алатка, особено нашата партија, кадешто јас јавно сум ги изнел моите ставови, веќе познати на јавноста, напиша Меџити на Фејсбук.

Претходно, „Алмакос“ објави дека Меџити дал ултиматум до партијата до 15 јуни да ги избрка Бујар Османи и Артан Груби од Владата и од ДУИ, во спротивно „ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово. Според порталот, битката на Меџити добила „заканувачка димензија“ бидејќи изминатава недела имало „пораки на дистанца“ меѓу Ахмети и Меџити. Дел од порталите во петокот пренесоа дека Меџити треба да биде кандидат за градоначалник на Скопје.

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Tensai Banpaku Opening Episode Full

Watch anime online for free at GoGoAnime gogoanime one punch man. The House Spirit Tatami-chan (https://gogoanime.be/m/jMDD) Episode 12

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. El Hazard: The Magnificent World (https://animebee.to/m/wdg3) Episode 7