December 5, 2022 09:10
Македонија

Меџити: Груби е многу оптеретен

Вечерва на „Патот кон“ со Адријан Керими гостин беше Изет Меџити, потпретседател на ДУИ. Тема на разговор беа последните случувања во ДУИ, следните чекори на „огнената група“, средбата со првиот човек на партијата Али Ахмети, соработката со Данела Арсовска и многу други теми.

На прашањето за Артан Груби, Меџити рече дека Груби е многу оптеретен, како партиски секретар, вицепремиер и слично, затоа, според него, стои и нивната забелешка.

„Кој и да е, не само Артан Груби, туку никој не може да биде и организациски секретар и вицепремиер, компетентен за проекти, за концерти, за медиуми, тоа е апсурдно“, нагласи Меџити.