April 15, 2021 10:11
Спорт

Меџик Џонсон: Најголемите разочарувања оваа сезона се Селтикс, Маверикс и Бакс

Членот на „Салата на славните” и НБА легенда, Меџик Џонсон ги вброи тимовите на Бостон селтикс, Далас маверикс и Милвоки бакс како најголеми разочарувања оваа сезона.

– Најголемите разочарувања досега оваа сезона се Селтикс, Маверикс и Бакс. Селтикси немаат доволно напредок, Маверикс не се добри во одбраната, а Бакс се бавни и непривлечни, напиша на Меџик на Твитер.

Бакс се на третото место на Истокот со биланс 19-13 (победи-порази), Селтикс се шести со ефект 15-16.

Маверикс се деветти на Запад со скор 15-15.