June 24, 2022 07:49
Македонија

Меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани во Северна Македонија

 Од денеска до 26 јуни ќе се одржат вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани во Северна Македонија во организација на Здружението „Нефрон”.

– На средбите ќе присуствуваат претставници на организации на пациенти на дијализа и трансплантирани од мрежата SEEN Transplant од Југоисточна Европа – Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Средбите се со едукативен и спортско-рекреативен карактер, а имаат цел размина на искуства, продлабочување на соработки и воспоставување на добри практики помеѓу пациентите на дијализа, трансплантираните, дарителите на органи но и медицинските професионалци и институциите, велат од Здружението.

За време на средбите учесниците ќе ги споделат своите искуства и приказни за нивните борби и животот со долгогодишна дијализа и трансплантација.

go88 đăng ký play go88 đăng nhập go88 hoàng gia

SunWin - Game bài uy tín - Link vào Sun Win mới nhất 2022