December 7, 2022 20:32
Македонија

Меѓународна работилница за поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад

Во организација на компанијата „Пакомак” денеска и утре во Скопје ќе се одржи меѓународна работилница, на која ќе се дискутира како до поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад.

На работилницата, како што е најавено, ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Регионалните компании кои се членки на организациите ПРО ЕУРОПЕ и ЕКСПРА со седиште во Брисел, ќе дискутираат и разменат искуства како да ги зголемат стапките на селекција и рециклирање на амбалажниот отпад.

На оваа работилница, освен менаџментот на компаниите од земјава, од Грција, Бугарија, Србија, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина, ќе учествуваат и претставници од Белгија, Чешка и Кипар, како и целиот менаџмент тим на ЕКСПРА од Брисел.

Во изминативе 11 години, „Пакомак” третпат е домаќин на овој годишен собир, како една од најзначајните компании кои со иновативни пристапи има континуиран раст на рециклираните количини.