October 26, 2021 00:54
Македонија

Меѓународна конференција ЕТАИ по 15-ти пат

Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика и Факултетот за електротехника и информациски технологии, по повод 40 години од основање на Здружението, ја организираат 15-тата меѓународна конференција ЕТАИ 2021. Дводневната конференција ќе ја отвори Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком и претседател на конференцијата.

Со оглед на околностите, годинава, Конференцијата ЕТАИ 2021 ќе биде организирана виртуелно, со алатки за дигитална видео комуникација и е отворена за сите заинтересирани кои може да се регистрираат за учество преку веб сајтот на конференцијата. Во рамки на програмата, има и дел во кој ќе се одбележи 40 годишнината од постоењето на Здружението ЕТАИ со потсетување на сите изминати активности и организирани конференции.

Покрај научната програма и презентација на прифатените рецензирани научни трудови, на конференцијата ќе се одржат неколку пленарни предавања од особено еминентни и светки познати научници и професори: проф. Peng Shi (Пенг Ши) од Adelaide University, Австралијаи претседател на IASCYS (2021-2024); проф. Matjaz Gams (Матјаж Гамс) од Department of Intelligence Systems, Jozef Stefan Institute, Словенија; проф. Ph.D., D.Sc. Janusz Kacprzyk (Јануш Кацпшик), раководител на Intelligent Systems Laboratory од Полската Академија на науките, како и еминентниот млад научник д-р Томе Ефтимов од Computer Systems Department, Jozef Stefan Institute, Словенија.

На конференцијата се планирани и две тркалезни маси на кои се очекува опсежна и интересна дискусија меѓу академската заедница и индустријата. Модератори на тркалезните маси се еминентни доктори на науки, а панелисти се повеќе гости од индустријата и академската заедница. Првата тркалезна маса на тема „e-Heath and Pervasive Technologies: Challenges and Opportunities” е организирана како соработка помеѓу ЕТАИ и проектот “WideHealth” финансиран од програмата Horizon 2020 од ЕУ. Модератор е доц. д-р Христијан Ѓорески, ФЕИТ, УКИМ, додека панелисти се г-ѓа Жаклина Чагороска, Министерство за здравство; г-дин Дамјан Манчевски, Мак-Систем; г-дин Драган Шахпаски, Сорсикс; проф. Оскар Мајора, Фондација Бруно Кеслер, Италија; проф. Митја Луштрек, Институт Јожеф Штефан, Словенија. Втората тркалезна маса е на тема “Next generation wireless communications – Opportunities and Challenges for IoT”. Модератор е д-р Љупчо Јоргушески, ТНО, Холандија, додека панелисти се г-дин Гоце Митевски, Македонски телеком; г-дин Игор Бојаџиев, АЕК; г-дин Марјан Богатиновски, ДАТА МАЈОРИС; г-дин Стевчо Ристески, А1 Македонија.

Научните трудови публикувани на конференцијата се тематски поделени во десет сесии од областа на електрониката, автоматиката, телекомуникациите, информатиката и други мултисциплинарни сесии од областа на електротехниката. Здружението ЕТАИ има посебно задоволство да ги покани сите заинтересирани да учествуваат во научните дискусии и да придонесат во одбележување на јубилејната 40-годишнина на ЕТАИ.

Сите останати информации може да се добијат на официјалната веб страница на Здружението ЕТАИ( https://etai.org.mk) или преку електронската пошта: [email protected]

Website https://animedao.nl: Watch Perfect Blue animedao Episode Full attack on titan season 3 animedao

Pokémon: Black & White (https://gogoanime.be/m/PJQ8) Episode 86

Watch anime online for free at AnimeHeaven anime stream

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Dpi hochiminhcity: http://www.dpi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopY/DispForm.aspx?ID=3766

Pinterest: https://www.pinterest.com/animefreakws