August 15, 2022 18:12
Македонија

Меѓународната и Европската конфедерација на синдикати со целосна поддршка на штрајкот на ССМ

Генералните секретари на Меѓународната конфедерација на синдикати, Шаран Бароу и Европската конфедерација на синдикати, Лука Висентини дадоа целосна поддршка на активностите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и за претстојниот генерален штрајк организиран од ССМ.

-Ова се случува во ситуација кога годишната инфлација е повеќе од 10 отсто, а минималната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство е веќе зголемена за 2500 денари од почетокот на годинава, според пресметките на синдикатот. Вонредната состојба со поскапувањето на енергенсите и храната бара соодветни активности од страна на државата за да се обезбедат пристојни приходи и благосостојба на работниците, вклучително и во јавниот сектор,  се вели во писмото со поддршка на ССМ испратено до премиерот Димитар Ковачевски, министрите Битиќи, Тренчевска и Бесими.

Бароу и Висентини посочуваат дека Северна Македонија беше пофалена за преземање на обврските за зголемување на минималната плата, но како што ги информирале ССМ, Владата во предлог за годишниот буџет не вклучила одредби за зголемување на платите за вработените во јавниот сектор, со што де факто го прекршила Законот за минимална плата од февруари 2022 година.

-Целосно ги поддржуваме барањата на ССМ до Владата да ја почитува својата посветеност и да ја зголеми платите  во јавниот сектор за 2806 денари нето во согласност со Законот за минимална плата, пишува во писмото, што генмералните секретари го испраќаат во име на  200 милиони членови од 163 држави дел од Светската конфедерација на синдикатите  и 45 милиони членови од 39 европски држави дел од Европската конфедерација на синдикатите.

Во писмото се повикува на праведни плати и вистински социјален дијалог на глобално ниво и во Европа. Повисоките законски минимални плати и посилното колективно договарање, како што се наведува во писмото, би го поттикнале економското закрепнување од КОВИД-19, а исто така би се справиле со предизвиците за економиите создадени од војната во Украина.

sunwin

tải sunwin sunwin.apk mới nhất game sunwin

sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk