August 13, 2022 18:02
Економија Македонија

МЕФ Македонски енергетски форум 2022, 30-ти јуни и 1-ви јули

Ве известуваме дека петтото издание на МЕФ Енергетскиот Форум ќе се одржи на 30-ти јуни и 1-ви јули 2022 година во хотел „Инекс Олгица”, Охрид.
Настанот е во организација на ЗИП Институтот, Владата на Република Северна Македонија под покровителство на Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Амбасадата на САД во Скопје, и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На Форумот се очекува присуство на високи владини претставници од земјава и регионот, амбасадори во земјава, претставници на домашни и странски енергетски компании, како и бројни важни чинители од земјата и регионот.

Оваа едиција на Форумот ќе опфати теми како синергии во справувањето со енергетските предизвици, пазарот на гас во Западен Балкан во време на енергетска криза, аспекти на декарбонизацијата во Југоисточна Европа од перспектива на различни нивоа на власт и многу други теми кои ќе се дискутираат во седум панели во текот на два дена.

По воведните обраќања, на отворањето на Форумот од страна на ЗПВРСМ Фатмир Битиќи, Н.Е. Кејт Мери Брнс, Н.Е. Дејвид Гир, и Агим Селами од ЗИП Институт, планирани се и изјави за медиуми.

Сите заинтересирани медиуми можат да се регистрираат на www.mef.mk или на [email protected].