Магазин

Метју Пери во потрага по нова девојка преку интернет

Омилениот актер од серијалот „Пријатели“, Метју Пери, пред неколку недели ја прекина двегодишната врска со својата девојка Моли Хурвиц, која беше 21 година помлада од него.

Метју набргу тргна во потрага по нова девојка и реши да ја најде преку интернет, поточно преку апликацијата „Реј“.

„Тој повторно бара девојки на интернет и им испраќа пораки“, изјави негов пријател за „Ју-ес викли“.

За време на врската со Моли, актерот го деактивирал профилот на споменатата апликација, но сега повторно се врати и е многу активен.

Метју и Моли ја потврдија врската на почетокот на оваа година, а и пред тоа биле фатени заедно неколкупати. Медиумите тогаш напишаа дека Моли позитивно влијае на Метју затоа што не сака слава и забава и му помага во борбата против зависностите. Сепак, пријателот посочува дека тоа не е точно.

„Таа тврдеше дека не ѝ е важна славата на човекот со кого е во врска, но всушност го сакаше вниманието што го добиваше поради Метју“, рече изворот.