June 21, 2021 19:08
Македонија

Метолари: Не се Албанија и Северна Македонија оние што одлучуваат за интеграција во ЕУ, туку инструментите на унијата

Не се Албанија или Северна Македонија оние што одлучуваат за интеграција во ЕУ, туку инструментите на унијата што проценуваат напредок, вели во изјава за „Слободен печат“ Доријана Метолари, аналитичар од Тирана, познавач на евроинтеграцискиот процес, коментирајќи ја изјавата на комесарот за проширување Оливер Вархели дека Албанија може да се оддели од Северна Македонија во процесот на преговори за членство во ЕУ.

– Не е Албанија или Северна Македонија што одлучува за интеграција во ЕУ, туку инструментите на Европската унија што го проценуваат напредокот направен од двете земји, и врз основа на тоа чекорите за приближување што ќе ги преземат. Пред извесно време се водеше истата дебата за фактот дека Северна Македонија беше поблиску до интеграција отколку Албанија, но сега очигледно ЕУ процени дека тоа се променило. Ние сме две одделни судбини. Сепак, во рамките на самата Европска унија има „период на егоизам“ и тоа се должи на многу внатрешни причини, па сè додека не помине овој „период на себичност“ или не се разработи членството на нови земји, тоа нема да биде лесен процес – смета Метолари.

AnimeFreak amine freak tv: Watch Umibe no Étranger Episode Full

GoGoAnime gogoanime re zero: Horimiya (https://gogoanime.be/m/VXBp) Episode 13