April 20, 2021 19:04
Балкан

Мета: Референдумот на 25 април ќе биде триумф над олигархијата, Албанците ќе гласаат за достоинство

Претседателот Илир Мета преку статус на Фејсбук вели дека изборите на 25 април и плебисцитарното гласање ќе ја поразат кликата на олигарси, индиректно нарекувајќи го премиерот Еди Рама главен олигарх.

„Референдумот на 25 април ќе ја урне олигархиската клика, која веќе подолго време ги  мами Албанците. Нивниот ужас е јавната определба на претседателот на Републиката во одбрана на Уставот и слободното гласање. Затоа, со лаги оркестрирани од главниот олигарх и јавно објавени во медиумите заробени од него, тие се обидуваат да го спречат претседателот да ја извршува својата уставна должност за заштита на слободно дадениот глас на албанските граѓани, што е нивна моќ и иднина”, напиша Мета на Фејсбук.

Тој им порача на „ оние кои никогаш не го бранеле јавниот и националниот интерес, туку размислувале единствено за нивната последователна попара”, дека попусто се заморуваат со клевети, уцени, заплашувања, произволни казни и измислени лажни анкети за „деморализирање на граѓаните за гласање или купување опозиција”.

Според Мета, Албанците ќе гласаат на 25 април 2021 година за својата слобода и достоинство, како никогаш порано во изминатите 30 години.

-На 25 април 2021 година, демократијата ќе триумфира над олигархијата и свеста за граѓанска должност над глупоста.

Претседателот има само еден глас, како и секој граѓанин на оваа земја и ќе гласа против олигархијата, која ги прекрши Уставот, законите и човековите права и ја држи во заложништво европската иднина на земјата, додава тој.

Тој категорично ги отфрла обвинувањата на премиерот Еди Рама дека одржувал тајни предизборни средби во полза на партијата Движење за социјалистичка интеграција чиј лидер е неговата сопруга Моника Круемади, која на чело на партијата дојде откако Мета беше избран за шеф на државата.

ANIMEFLIX animeflix spirited away: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

KissAnime kissanime my hero academia: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 14