December 11, 2019 07:59
Балкан

Мета го свика Националниот совет за безбедност

Албанскиот претседател Илир Мета денеска одржа едночасовна средба со Националниот совет за безбедност.

По средбата тој на Фејсбук напиша дека на состанокот било разговарано за што потесна соработка и координација меѓу сите институции за справување со вонредната состојба како последица од катастрофалниот земјотрес, па се додека не се врати целосната нормалност.

-Ние го подржувавме обвинителството да ја придвижи истрагата напред и да ги доведе пред кривична одговорност сите оние кои ќе се потврди дека се одговорни. Да се обезбедат домашните ресурси и меѓународната поддршка потребна за надминување на тешките последици од овој ужасен земјотрес,напиша Мета.

На седницата на Националниот совет за безбедност присуствуваше и премиерот Еди Рама, спикерот на парламентот Грамоз Ручи, државната јавна обвинителка Арта Марку,министри, првите луѓе на полицијата, армијата, на Кризниот штаб,како и советниците на претседателот за правни и безбедносни прашања.

Нови вести

Приведени две лица по напад со боја и летоци врз канцелариите на грчки весник

Filip

Србија отвори ново поглавје во пристапните преговори со ЕУ

Filip

Средба Мицотакис – Пајат за патувањето на грчкиот премиер во САД и разговорите со Трамп

Filip