Search

Мета го поздрави ангажрањето на Меркел за отворање на преговорте со ЕУ

Албанскиот претседател Илир Мета, ги поздрави напорите на Германија за отворање на преговорите за членство на Албанија во Европската унија.

-Ја поздравувам континуираната ангажираност на канцеларката Ангела Меркел за отворање на преговорите на Албанија со Евопската унија. Имплементација на деветте услови на Бундестагот со видливи и одржливи резултати, се најсигурната мапа на европскиот пат на Албанија, напиша Мета на Фејсбук.

Во пораката Мета споделува фотографија од средбата на премиерот Еди Рама и германската канцеларка Ангела Меркел.

Поради заладените односи меѓу Мета и Рама објавувањето на фотографијата,што е вистински раритет, медумите го сметат за знак на помирување.

Инаку, на средбата со премиерот Рама во Берлин Меркел изјавила дека ќе стори се во март да се постигнат конкретни резултати за отворање на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.

Постета на Берлин на Рама е во рамки на неговата турнеја низ европските метрополи во функција на подготовките за донаторската конференција,за санација на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанја на 26 ноември а што ќе се одржи на 17 февруари.

Треба да знаете
Последни објави