September 15, 2019 08:17
Балкан

Мета: Голема Албанија делириум за пренасочување на вниманието од внатрешните прашања

Албанскиот претседател Илир Мета, во својот говор на конференцијата што ја организира друштвото „Џорџ В. Маршал – Албанија”, на тема “Безбедносните предизвици на Балканот и улогата на надворешни актери во време на евроатлантската транзиција”, зборуваше со критички тонови за тезите за обединување на Албанците на Балканот.

– Нема нација на Балканот која има поголема придобивка од падот на железната завеса, нема нација на Балканот која била поугнетувана пред 90-те години од албанската. Многу добро паметиме што беа Романија и Југославија, ние во тоа време бевме како Северна Кореја. Слушаме зошто не се обединуваат сите Албанци? Но, зошто да не се обединат и сите Срби, Хрвати, Бошњаци? Овој, делириум, наводно патриотски, е жив дијаболизам. Тоа е обид на авторитарните политичари да провоцираат теми и со тоа да го пренасочат вниманието на јавноста од внатрешните прашања. Често тоа го прават на координиран начин. А во меѓувреме што се случува, бегаат младите од Косово, од Србија, од Македонија, заминуваат насекаде, изјави Мета

Тој посочи дека толку лесно не се прецртуваат ниту границите.

– Знаеме колку се добри односите меѓу Црна Гора и Косово, но за договорот за демаркација многу добро знаеме што се случи. Сакам појасно да кажам, ги имаме сите можности како што и сме покажале да бидеме стабилизирачки фактор, изјави Мета.

Според дел од албанските медиуми иако не ги спомена поименично, со ваквиот став Мета директно ги нападнал косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама за идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија.

Нови вести

Пацоли: Поделбата на Косово е само во соништата на Кремљ и Белград

zane

И Демократската партија (ДС) одлучи да ги бојкотира изборите во Србија

zane

Мета: Да ме послушаа Баша и Рама земјата ќе беше многу подобра

zane