August 25, 2019 05:27
Балкан

Мета бара итно решение за политичка криза и поради штетите кои и се нанесуваат на економијата

Политичката криза во која се наоѓа земјата, носи сериозни последици и за економијата, затоа мора итно да се најде решение за нејзино надминување, порача албанскиот претседател Илир Мета.

Тој на статус на Фејсбук додава дека првите негативни ефекти веќе се чувствуваат во областа на туризмот, каде состојбата операторите ја оценуваат како драматична.

-Посакувам успешна туристичка сезона. Но, за жал, политичката криза во земјата причинува многу сериозни последици и врз економијата. Првите ефекти почнуваат да се чувствуваат во туризмот и операторите ситуација ја нарекуваат драматична. Поради ова треба да се реагира итно, инаку сериозно ќе биде погоден туризмот и сите албански семејства кои својата егзистенција ја обезбедуваат од овој клучен сектор во нашата економија, напиша Мета.

Според операторите, голем број резервации на туристички тури од странство се веќе откажани.

Политичката криза продолжува и покрај апелите кои редовно ги упатуваат и странските дипломати.Обеднетата опозиција не се откажува од барањата за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

На тоа Рама ја повторува изјавата дека неговиот мандат што го добил од народот е до 2021 година и оти „со или без опозицијата локалните избори на 30 јуни ќе се одржат”.

Исто така Рама го обвини претседателот Мета дека досега воопшто не покажал интерес за надимнување на политичката криза бидејќи „никогаш не го поканил во неговиот кабинет да разговараат”. Ова следуваше по изјавата на Мета дека е во постојана комуникација со премиерот Рама околу длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата.

Во меѓувреме обединетата албанска опозиција најави дека на 25 мај ќе го одржи шестиот „национален протест”.

Нови вести

Гром предизвика пожар на Хвар

Igor

Харадинај: Ќе ја задржам Србија надвор од Косово

zane

Актуелната премиерка Виорика Данчила кандидат за претседател на Романија

zane