June 26, 2022 22:26
Спорт

Металург по пауза од девет години го освои ракометниот Куп на Македонија

Металург по пауза од девет години повторно е освојувач на ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција. Тимот од Автокоманда во финалниот меч на завршниот турнир кој се одржа во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го совлада Ѓорче Петров со 30:27. Иако во еден момент Металург имаше предност и од девет голови, ѓорчепетровки успеаја да ја направа завршницата од натпреаврот поинтересна и рамноправна.

Ива Младеновска од редовите на Металург со девет погодоци беше убедливо најдобар поединец на теренот, додека Божиновска постигна осум гола. Во составот на Ѓорче Петров најефикасна со осум погодоци беше Симона Стојановска.

За ЖРК Металург ова е петта титула во Купот на Македонија.

https://tai.go88.is/

sunwin cổng game quốc tế