March 7, 2021 06:26
Спорт

Металург ги продолжува настапите во Лига Европа со шест натпревари во февруари

Згуснат распоред со дури шест натпревари во Лига Европа ги очекува ракометарите на скопски Металург во февруари, откако трите одложени натпревари од 2020 година се презакажани за идниот месец.

Како што е соопштено вечерва, Металург ќе ги продолжи настапите на меѓународната сцена на 6 февруари со гостување во Белорусија против Чеховски Медведи, по што ќе одигра два натпревари на домашен терен против француски Тулуз и полскиот претставник Висла Плоцк, на 9 и 14 февруари.

Возвратните дуели против Висла Плоцк и Чеховски Медведи треба да се одиграат во Скопје, на 16 и 20 идниот месец, а три дена подоцна ракометарите на Металург ќе му гостуваат на австриски Фиверс.

Металург во 2020 година одигра три натпревари во А-групата во Лига Европа, со ефект од едно реми и два порази.

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet mha

Banana Fish (https://animefreak.ws/m/mg3R) Episode 24 at AnimeFreak animefreak my hero academia