December 5, 2021 12:37
Спорт

Меси почна да кажува кој треба да си оди од ПСЖ

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Аргентинецот Лионел Меси кмој летвово пристигна во ПСЖ од Барселона веќе се наметна нако лидер во тимот на „светците“. Меси го режираше пресвртот за ПСЖ  со два гола против Лајпциг во групната фаза од Лигата на шампионите. Француските медиуми пишуваат дека Меси не е во добри односи со сонародникот Мауро Икарди, чиј скандал со љубовницата му пречи и побарал од управата да го продаде.

„Л’Екип“ пишува дека Меси воопшто не разговара со Икарди и нивниот однос одамна е нарушен, а тренерот Аргентинецот Маурицио Покетино не сака тензии во соблекувалната, па ќе му ја исполни желбата на Меси за мир во соблекувалната.