August 8, 2022 18:04
Спорт

Меси не е во елемент во дресот на ПСЖ, но е бренд за да им ја преполни каста на „светците“„

Аргентинскиот фудбалски интеранционалец Лионел Меси кој важи за еден под најдобрите играчи во светот минатотот лето ја напушти Барселона каде ја стекна својата слава и ги осови сите можи клупски и индивидуални признанија и се пресели во францускиот ПСЖ каде не се снајде најдобро. Меси според прикажаното на теренот во дресот на ПСЖ беше далеку под својот рејтинг. Постигна само 11 голови а имаше само 15 асистњнции. Сепак тоа не беше причина виртуозот со фудбалската топка да им ја наполни касата на „светците“ до врв.

„Светците“ го плаќаат Аргентинецот 30 милиони евра по сезона, а тој пак со своето име и минато на терените им донел огромен профит. Првиот човек на клубот, Насер Ел Келаифи за „Марка“ открил дека ПСЖ имал приход од – 700 милиони евра. Тој потенцирал дека десет нови спонзори потпишале договор во моментот кога Меси се обврзал да игра за ПСЖ, а тие што и дотогаш инвестирале ја зголемиле сумата што ја давале.

Договорите според кои ПСЖ до доаѓањето на аргентинскиот магионичар инкасирал помеѓу три и пет милиони евра веднаш скокнале речиси двојно – помеѓу пет и осум милиони. Диор, Горилас, Крипто, Аутохиро, Смарт Гуд Тингс, Инфинити спорт вотер, Гиквејп, ПлејбетР, Волт, Биг Кола се само дел од спонзорите кои се појавиле по доаѓањето на Меси, кои плаќале не само во кеш туку и во криптовалути.