December 1, 2020 04:22
Спорт

Меси и Фати стрелаа за рекорди во ЛШ

Барселона  ја почна новата сезона во фудбалската Лига на шампионите со убедливи 5:1 против унгарскиот Ференцварош. капитенот на шпанскиот тим Лионел Меси постави нов рекорд, а иднината на клубот, Ансу Фати се запиша во историјата на ЛШ.

Меси го постигна првиот гол, со удар од белата точка, со што стана само вториот фудбалер кој постигнал голови во 16 сезони од Лигата на шампионите, заедно со Рајан Гигс од Манчестер јунајтед. За Меси ова е само втор гол оваа сезона, откако и претходниот против Вилјареал, го постигна од пенал.

Фати, пак, со својот гол (вториот на мечот), стана првиот фудбалер кој постигнал повеќе од еден гол во ЛШ пред својот 18-ти роденден.