October 14, 2019 01:54
Спорт

Меси и Роналдо ги скараа Линекер и Морган

Изборот на аргентинскиот фудбалски интернационалец Лионел Меси за најдобар играч во 2019 година според ФИФА  на социјалните мрежи ги скара Гери Линекер и Пјерс Морган. Новинарот Морган непосредно пред прогласувањето на најдобриот играч на свечената церемонија во Милано, објави интервју со Роналдо со кое порача дека Португалецот за него е најдобар фудбалер во историјата. Пред две години истиот новинар мислел дека најдобриот играч бил Меси.

И по изборот на Меси,  Морган порача дека Роналдо имал подобра година од Меси, но со тој податок не се согласи легендарниот фудбалер Линекер.

-Држи се до било што, освен фудбалот. Роналдо е фантастичен фудбалер, но бројките на Меси се неверојатни. Неговата игра е на друго ниво. И тој освои двојна круна. Тоа што си имал интервју со Роналдо не го прави подобар – му порача Линекер на Морган.

Нови вести

Полска пресилна за Македонија

Igor

Нејмар се повреди на пријателскиот натпревар против Нигерија

Filip

Чех го имаше своето деби на хокеарски натпревар

Filip