December 9, 2022 14:12
Спорт

Меси даде гол од слободен удар, но Мбапе му донесе победа на ПСЖ над Ница

ПСЖ се врати на лидерската позиција во Лига 1 по вечерашната победа од 2-1 против Ница во рамки на 9.коло.

Лионел Меси ја најави победата за парижаните со прекрасен гол од слободен удар во 29.минута.

Гаетан Лаборд на стартот на вториот дел, односно во 47.минута израмни на 1-1 за Ница.

Победата на ПСЖ ја осигура Килијан Мбапе во 83.минута.