August 8, 2022 17:41
Балкан Свет

Месиќ: Војната во Украина можеше да биде избегната

Поранешниот претседател на Хрватска – Стипе Месиќ изјави за „Вечерњи лист“ дека „интервенцијата на Русија во Украина можеше да биде избегната“.

„Меѓу Кина и САД се води тивка економска војна. Постои не толку тивка меѓу САД и Русија, а постои репрезентативна војна во Украина, но постои и брутална војна“ вели тој.

Месиќ оцени дека „од санкциите најмногу страдаат граѓаните на Европа, а немаат мака оние кои го предизвикаа судирот.

„Европа нема веќе евтино да ја купува енергијата. Сметам дека Европа поради тоа не смее да се однесува како џуџе“ рече Месиќ.