November 29, 2020 05:57
Скопје

Месечен преглед на оперативни активности (септември,2020)

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена информираност на јавноста за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за септември, 2020 година. Сите оперативни активности спроведени од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се со цел пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на град Скопје, одржување на водоснабдителниот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, [email protected], https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/. Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и IOS.

Сектор Водовод

  • 260 интервенции (отстранети дефекти – 114 улични и 535 дефекти на шахти, поставени се 19 затворачи, 26 огрлици, 120 приклучни цефки, 16 хидранти, 21 нови приклучоци, променети 337 водомери, 72 изведби на водоводна мрежа).

Сектор Канализација

  • 140 интервенции (7.815 проверки на шахти, 9,885 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 4.031 изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење на талог од 51 шахти со употреба на ЦВ; 44 перења на канализација со ЦВ; 215 отпушувања на канализација со ЦП; 3 отпушување со сајла; 2 перења на шахти и 13 сливници со ЦП; 21 акција за отстранување на отпад со возило; 19 чистењa на сифон; 11 чистења на решетки; 2 поправки на сливници; 8 монтажи на лимен капак; 2 промени на капак тежок тип; 2 поправки на капак тежок тип; 3 монтажи на решетки од сливник; 1 монтажа на бетонски капак; 8 монтажи на бетонски сливник; 2 монтажи на комплет шахти; 29 влечење од јама; снимање со камера (490м); рачно чистење на атмосферски канал и 1 изведба на приклучок на фонтана;

Сектор за технички работи и развој

  • се работеше на: 9 основни проекти (2 за водоводна мрежа, 3 за фекална канализација, 1 за фекален колектор и 3 за атмосферска канализација), 1 проект за дислокација на водоводна мрежа, 1 проект за реконструкција и доградба на атмосверски испуст, 1 проект за пренасочување на фекална канализација по крак на сервисна улица, 1 проект за дислокација на водоводна мрежа по крак на сервисна улица. Изврши надзор по барање на инвеститори на ниво на Градот, општините и Претпријатието.

 

Сектор Механизација

  • секојдневно опслужување со механизација и возила на сите сектори и изврши 254 интервенции

Дежурно информативен центар

  • пријавени и реализирани 2.153 интервенции

Сектор за санитарна контрола

  • 889 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем