August 10, 2020 23:10
Спорт

Мерцедес му ја затворија вратата на Фетел

Себастијан Фетел нема шанси да се пресели во Мерцедес, иако се појавија гласини дека тоа би можело да се случи.

Извршниот директор на „Дајмлер”, Ола Калениус, всушност потврди дека Валтери Ботас ќе остане во тимот и четирикратниот светски шампион нема да седне во автомобилот на хегемоните во Формула 1 во последните години.

– Ги задржуваме нашите пилоти. Јас разбирам дека ова е многу возбудлива опција за германските навивачи, но во лицата на Луис и Валтери имаме пилоти кои настапуваат на највисоко ниво и тие ќе останат со нас, изјави тој за „Скај”.

Фетел разочара по првиот старт на новата сезона, откако остана на 10 место во Австрија. Тој направи уште една грешка и се сврти на патеката, што му донесе нови критики.

Според гласините, опција за Фетел е Рејсинј Поинт, кој од 2021 година сега ќе биде Астон Мартин, а и Рено е опција, иако францускиот тим се очекува да го врати Фернандо Алонсо во тимот на местото на Даниел Рикардо.

Преговорите со Мерцедес продолжуваат со Луис Хамилтон, а Ботас е врзан за тимот само за оваа сезона, но очигледно очекувањата се дека двајцата ќе останат.