Свет

Меркел ја одби понудената работа во ОН, сака да ужива во пензионерските денови

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби работата што и ја понуди во Обединетите нации генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш бидејќи сака да ужива во пензионерските денови.

Гутереш предложи Меркел да претседава со советодавно тело составено од поранешни шефови на држави и влади, според извор од Обединетите нации.

-Меркел разговараше со генералниот секретар на ОН минатата недела, му се заблагодари и му одговори дека нема да ја прифати понудата, изјавија за ДПА од кабинетот на поранешната канцеларка.

Според германските медиуми, агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, на Меркел и понудиле претседателство во телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот. Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш кој е дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

Пред неодамнешните парламентарни избори во Германија, поранешната германска канцеларка (67) најави дека нема да се кандидира за нова функција во партијата и дека се повлекува од политичкиот живот по 16 години како канцелар.

Нејзин наследник како канцелар стана социјалдемократот Олаф Шолц, кој беше министер за финансии во коалициската влада на Меркел.

watch subbed anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Attack on Titan Season 3

ANIMEFLIX SK8 the Infinity Episode 5

Tokyo Revengers (Dub)

Black Clover

ANIMEFLIX Black Clover (Dub)

tải go88