August 20, 2019 01:09
Свет

Меркел: Со Макрон имаме различни ставови, но доаѓаме до компромис

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон „се борат” политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат.

– Секако дека се бориме еден против друг, изјави Меркел за весникот „Зидојче Цајтинг”, коментирајќи ги нејзините односи со Макрон.

Меркел нагласи дека сепак и покрај различните гледања и сфаќања на работите, Берлин и Париз сосема природно се согласуваат за важните прашања.

Нови вести

Полицијата во САД викендов спречила три можни масовни пукања

Filip

Пекинг ги користел Твитер и Фејсбук против демонстрантите во Хонг Конг, тврдат двете социјални мрежи

Filip

Началникот на Федералните затвори во САД отстранет од функција по самоубиството на Епстајн

Filip