October 27, 2020 07:00
Македонија

Меркел се надева на датум за Македонија во мај во Загреб

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека се надева оти ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и со Албанија на мајскиот Самит на ЕУ во Загреб.

-Самитот за Западен Балкан што во мај годинава ќе се одржи во главниот град на Хрватска е многу важна работа за Северна Македонија. Се надевам дека таму ќе биде постигнат напредок- истакна Меркел.

Според Меркел, Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ и не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги почнат преговорите.

– Сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да почнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси, рече Меркел.

Самитот на ЕУ во Загреб ќе се одржи на 5 и на 6 мај годинава.