September 19, 2019 13:02
Свет

Меркел сака да биде запаметена по тоа што се трудела

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се надева дека во историските книги за неа ќе биде напишано само едно – се трудела.

За време на јавната манифестација во градското собрание на градот Стралсунд, на прашањето на новинарот што ќе прочитаат децата за неа во историските книги за 50 години, таа размислувала неколку секунди, а потоа одговорила со насмевка – „се трудеше“.

Публиката гласно се насмеала на нејзините зборови и ја поздравила со аплауз, пренесува „Политико“.

На прашањето што ќе прави откако ќе ѝ истече мандатот, таа ркла дека нема намера да продолжи активно да се занимава со политика.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane