October 26, 2021 04:14
Свет

Меркел повика да се гласа за Лашет за „Германија да остане стабилна”

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да гласаат за Армин Лашет, конзервативниот кандидат на нејзината партија ЦДУ, за да ја одржат Германија „стабилна”. Пораката е испратена два дена пред одржувањето на парламентарните избори на кои се бира нејзин наследник.

– За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да биде федерален канцелар, изјави Меркел на митингот на нејзината партија во Минхен пред изборите в недела, според кои анкетите предвидуваат близок дуел помеѓу фаворитот на социјалдемократите и неговиот десничарски противник.

Таа истакна дека „не е важно кој раководи со Германија”, предупредувајќи кое сценарио би било доколку победи социјалдемократот Олаф Шолц, кој води на анкетите.

– Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада?, ги праша претставниците на ЦДУ и ЦСУ собрани во Минхен на последниот митинг од кампањата. Канцеларката го критикуваше зголемувањето на данок најавено од социјалдемократскиот кандидат, што може да ги натера германските компании да се преселат во Австрија или Холандија.

– Ова не е наша политика, нагласи канцеларката Меркел, додавајќи дека претпочита „политика што им овозможува на компаниите да останат во земјата и да отворат работни места – тука, за да напредува Германија”.

PES: Peace Eco Smiles Episode 7

KissAnime: Prince of Tennis: Atobe Kara no Okurimono anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Website https://animeflix.nl: Watch Mobile Suit Gundam 0083: Stardust Memory Picture Drama - The Mayfly of Space 2 animeflix Episode Full animeflix

Mmo4me: https://mmo4me.com/members/animefreakws.179953/#about

Ko-fi: https://ko-fi.com/gogoanimebe