December 6, 2019 20:30
Македонија

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се смени во методологијата на преговорите во процесот на проширување на Европската Унија.

На прашањето што ќе се случува понатаму со процесот за приклучување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како и тоа кога Хрватска би можела да влезе во шенген-зоната, Меркел рекла дека не може да се случи да нема европска перспектива за сите земји.

„Тоа не би било добро“, рекла Меркел.

На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, таа изразила жалење затоа што на минатиот состанок на Советот на ЕУ не беа отворени преговори со Северна Македонија и Албанија.

Нови вести

Максим Ацевски предложен за прв човек на државниот завод за ревизија

Filip

Венецијанска комисија препорача да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки

Filip

Заменик-министерот Павлески работно ги посети Градско и Демир Капија

Filip