October 28, 2020 00:43
Балкан Македонија

Меркел и Борисов разговарале за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ

Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ. Бугарија ќе продолжи да работи активно во тој правец и за време на заедничкото претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес.

Ова на својот фејсбук профил го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на денешниот самит на ЕУ во Брисел.