September 23, 2019 22:28
Свет

Меркел: Вложувањето во заштита на климата е добра инвестиција

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја мора да потроши пари за борба против климатските промени, но дека тоа е добра инвестиција.

Обраќајќи им се на пратениците за време на парламентарната расправа за годишниот буџет, Меркел истакна дека заштитата на климата ќе чини, но дека тоа ќе бидат добро вложени пари.

– Не е опција да не се прави ништо, нагласи германската канцеларка.

Германската Влада расправа за мерките кои имаат за цел во следната деценија остро да се ограничи емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина.

Се очекува Владата да го претстави пакетот мерки на 20 септември, пред заминувањето на Меркел на климатскиот самит на ОН во Њујорк.

Нови вести

Трамп смета дека заслужува Нобелова награда за мир, но дека сè е наместено

Igor

Во Франција сомнеж дека таблети за слабеење предизвикале смрт на 2000 лица

Igor

Гутереш: Не е време за разговор, време е за дејствување

Igor