December 7, 2019 02:06
Свет

Меркел била погрешно сфатена: По завршувањето на мандатот се повлекува од политиката

Германската канцеларка Ангела Меркел демантираше дека планира да се кандидира за некоја од водечките позиции во Европската унија.

– По завршувањето на мандатот како канцелар во 2021 година не стојам на располагање за ниту една политичка функција, а тоа се однесува и на функциите во ЕУ, ја пренесуваат денеска германските медиуми изјавата на Меркел.

Таа појасни дека нејзината изјава за тоа дека и натаму сака да преземе одговорност за Европа е „погрешно сфатена”.

– Секако дека до крајот на својот мандат како канцеларка ќе сносам одговорност за судбината на ЕУ, појасни Меркел.

Нови вести

(видо) Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Filip

Крајбрежната стража на Мавританија пресретнала брод со мигранти

Filip

Напаѓачот од базата во Пенсакола бил саудиски војник на обука, саудискиот крал му изразил сочуство на Трамп

Filip