September 23, 2019 05:54
Магазин

Мерил Стрип продава раскошен стан за 18,3 милиони долари

Филмската актерка Мерил Стрип (70) е подготвена за промени. Според „Селебрити нет ворт“, Мерил го продава својот пентхаус во населбата Трибека во Њујорк по цена од 18,3 милиони долари.

Стрип овој пат даде попуст затоа што кога го продаваше луксузниот стан во август минатата година, таа побара 25 милиони долари. Со таа цена, актерката не најде купувач.

Станот со неверојатен поглед на Њујорк има четири спални соби, пет тоалета, соба за велосипед, целодневен вратар, фитнес-сала, градина и гаража. Во станот се влегува преку елегантно уредено претсобје, со лифт на клуч.

Целиот стан е уреден во италијански стил.

Нови вести

Низ светот прославен роденденот на Бетмен

Filip

Строго забранети реченици за време на љубовна кавга

Filip

Ако сакате да живеете на Марс ќе мора да јадете скакулци

Filip