July 26, 2021 03:35
Македонија

Меморандум за соработка помеѓу МОН и Американскиот мировен корпус

Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Американскиот мировен корпус во Република Северна Македонија потпишаа денеска министерката Мила Царовска и директорката на оваа организација од САД, Дебора Конер.

Како што соопшти МОН, на потпишувањето беше посочено дека Мировниот корупус продолжува да ги поддржува заложбите на Владата и да придонесува во развојот на општеството и сите негови сегменти, а особено преку поддршка на политиките за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, со акцент на инклузивното образование и изучувањето на англискиот јазик.

Беше истакнато дека Северна Македонија е благодарна за партнерството и за можноста волонтерите на оваа организација да го вложат своето искуство во градењето на што поквалитетни и современи генерации ученици.

МОН информира дека согласно потпишаниот меморандум за соработка, предвидено е волонтерите на Мировниот корпус да бидат ангажирани во училишта во рурални и урбани средини, како поддршка на наставниот кадар при предавањето на англискиот јазик, но и во подучувањето на учениците за важноста на процесот на инклузија.

– Со потпишување на меморандумот за соработка ја продолжуваме и зајакнуваме одличната соработка со оваа организација во делот на настава по англиски јазик и за поддршка на инклузивното образование. Досега над 800 волонтери имаат служено во училиштата, општините, граѓанските организации, социјални установи, со цел да одговорат и да помогнат во задоволување на различните потреби на заедниците низ  земјата. Голема е честа да се соработува со Американскиот мировен корпус, а искуството е од непроценливо значење за нас како земја во развој, рече Царовска.

Министерката додаде дека активностите на Мировниот корпус ќе помогнат во исполнувањето на активностите од Стратегијата за образование 2018-2025, но и на спроведувањето на низа други стратешки документи од оваа област.

Мировниот корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди.

Повеќе од 7000 граѓани волонтери на САД во изминатите две децении ги спроведуваа принципите на Мировниот корпус во нашата земја и придонесуваа во напорите за подобрување на состојбите во образованието, во развојот на дијалогот меѓу заедниците и промоцијата на државата.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Canaan (Dub) Episode 13

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Otogi Juushi Akazukin OVA Episode Full

https://animefreak.ws animefreaks official website. Okko's Inn Episode 24