Search

Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иселеништво и Центарот за странски јазици во Скопје

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов и директорката на Центарот за странски јазици во Скопје, Фанија Смичковска денеска го потпишаа меморандумот за соработка меѓу овие две институции, со цел продлабочување на соработката, осовременување и имплементација на заеднички активности.

Целта на овој меморандум, како што посочија од Агенцијата, е и институционално помаѓање на децата на иселениците при изучување на мајчиниот јазик, како и подобрување на комуникациските вештини на мајчиниот јазик.

-Една од активностите на Агенцијата за иселеништво е и вршењето на работни задачи кои се однесуваат на правата и положбата на иселениците од Република Северна Македонија, а со тоа, оваа соработка ни овозможува  да го реализираме помаѓањето на децата на нашите иселеници во делот на изучувањето на мајчиниот јазик, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Двете институции во јануари следната година ќе го најават првото заедничко реализирање на наставата.

Треба да знаете
Последни објави