November 29, 2022 06:08
Свет

Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада

Џорџа Мелони синоќа преку твитер вети целосна поддршка за краина од нејзината претстојна влада.

– Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!, напиша Мелони на Твитер.

Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше дека е на страната на Киев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски исто така преку Твитер и честиташе на Мелони за изборната победа и ѝ се заблагодари на Италија за помошта поради руската инвазија врз Украина.