August 19, 2022 13:36
Спорт

Меклафлин го подобри светскиот рекорд на 400 со пречки

Двократната олимписка шампионка, Сидни Меклафлин го подобри сопствениот светски рекрод на 400 метри со пречки на Американскиот шампионат во Јуџин во саботата.

Меклафлин истрча 51.41 секунди за да го подобри своето најдобро време од 51.46 поставено на Олимпијадата во Токио минатиот август. Бритон Вилсон стигна до второто место со 53.08, пред Шамиер Литл со 53.92.

Легендарната Елисон Феликс, пак заврши само шеставо трката на 400 метри во нејзиниот последен настап на Американскиот шампионат. 36-годишната Феликс во кариерата има 11 олимписки медали, од кои седум се златни, и се повлекува на крајот на сезоната.