June 13, 2021 17:16
Македонија

Медицински тимови ноќеска работеа на трансплантација на срце и бубрези

Медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт.

Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на организте – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај.

– Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следува експлантацијата на коскени ткива. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Претходно, неколку часа екипите за трансплантација од повеќе клиники работеа на подготовка на донорот и реципиентите. Целата постапка ја водат болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство. х

WCOStream - Watch anime online, English dub anime. Watch Nu Wushen de Canzhuo Special [Chinese Dub] Episode Full

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Major S6 (https://animeflix.nl/m/5aZ) Episode 25

https://animefreak.ws boku no hero academia animefreak. Watch Cyborg 009 VS Devilman (Dub) Episode 3

KissAnime Pantip: https://pantip.com/profile/6494141#topics