December 10, 2022 00:59
Спорт

Медиуми: Роналдо не смее да биде стартер на Мундијалот

Португалските медиуми објавија денеска дека капитенот на националниот тим Кристијано Роналдо не заслужува да биде стартер во тимот на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.

Реакцијата доаѓа по вчерашниот пораз на Португалија од Шпанија (1-0) во последното коло од Лигата на нации и неспортското однесување на Роналдо кој по завршувањето на натпреварот ја фрли на земја капитенската лента.

-Нема никаква логика Роналдо да биде стартер на СП, изјави португалскиот новинар Зек Лоури.

-Во составот ги имаме Рафаел Леао, Педро Нето, Жоао Феликс и многу други талентирани играчи, кои го чекаат своето место. Уште еден лош натпревар за Роналдо, додаде угледниот португалски спортски новинар.