January 23, 2021 04:55
Спорт

Медведев со пресврт го доби финалето и го освои Лондон

Данил Медведев е освојувач на последното издание на АТП завршниот турнир во „О2“ арената во Лондон. Тој во финалето беше подобар од Доминик Тим со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4.

Во првиот сет еден брејк беше доволен за негово освојување. Во вториот Русинот во тај-брејк успеа да израмни на 1-1. Додека во третиот сет еден брејк на Медведев беше доволен за победа.

Следната година најдобрите осум тенисери за првпат ќе играат во Торино.